Врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 21.11.2016 година, донесе

 

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ
ИЗБОРНИ КОМИСИИ

I.  Во одпуките за формирање на општинските изборни комисии, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавени во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, број 08-1304/3, 06.05.2016 година, објавена во Службен весник на Република Македонија број 89 од 09.05.2016 година, број 08-1304/5 од 10.05.2016 година, број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, број 08-2788/3 од 03.11.2016 година, број 08-2788/5 од 09.11.2016 година и број 08-2788/7 од 14.11.2016 година, Државната изборна комисија решавајќи по поднесените барања за неприфаќање за извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии поради здравствени или семејни причини, ги изврши следните измени и дополнувања:

  1.  Во составот на Општинската изборна комисија КУМАНОВО, членот ЕЉТОН ЗЕЌИРИ вработен во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор СЕ РАЗРЕШУВА.
    За нов член се избира УРИМ КАДРИЈИ вработен во Собрание на Република Македонија.
  2. Во составот на Општинската изборна комисија МАВРОВО И РОСТУША членот ЕЛВИРА ЕЈУПИ вработена во Општина Маврово и Ростуша СЕ РАЗРЕШУВА.
    За нов член се избира МЕРВЕ ЌОРБАЈРАМИ вработена во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор.
  3. Во составот на Општинската изборна комисија ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО претседателот ТИНА ПЕТРОВА вработена во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството СЕ РАЗРЕШУВА.
    За нов претседател се избира ВЕСНА ЃОРЕВА МАЛИНОВА вработена во Општина Чешиново-Облешево… (повеќе)
Skip to content