Врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06,136/08,148/08,155/08,163/08, 44/11, 51/11, 54/11,142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 02.11.2016 година, донесе

 

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ
ИЗБОРНИ КОМИСИИ

I. Во одлуките за формирање на општинските изборни комисии, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавени во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, број 08-1304/3, 06.05.2016 година, објавена во Службен весник на Република Македонија број 89 од 09.05.2016 година, број 08-1304/5 од 10.05.2016 година и број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, Државната изборна комисија решавајќи по лоднесените барања за неприфаќање за извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии поради здравствени или семејни причини, ги изврши следните измени и дополнувања:

1. Во составот на Општинската изборна комисија КАРПОШ, членот РЕНАТА МАТЕСКА вработена во Влада на Република Македонија СЕ РАЗРЕШУВА. За нов член се избира ЕЛЕНА ГОТОВСКА, вработена во Влада на Република Македонија.

2. Во составот на Општинската изборна комисија ЦЕНТАР ЖУПА, заменик претседателот ДИАЗ ТАИРОВСКИ, вработен во Агенција за храна и ветеринарство СЕ РАЗРЕШУВА. За нов заменик претседател се избира ВАСИЛ ЏИКОВСКИ вработен во Министерство за труд и социјална политика… (повеќе)

Skip to content