На 11 јуни 2019 година, Државната изборна комисија на Република Северна Македонија ја одржа својата 43 седница, на која беше разгледан и усвоен конечниот Извештај за спроведените избори за Претседател на Република Северна Македонија, одржани на 21 април и 5 мај 2019 година. Извештајот беше веднаш доставен и до Собранието на Република Северна Македонија и беше објавен на интернет страната на Државната изборна комисија.
На истата седница беше усвоен и Извештајот на Државната изборната комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, согласно Известувањето од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, број 08 – 3215 / 7 од 11.06.2019 година, со кој Државната изборна комисија беше известена за престанок на мандатот на пратениците Павле Богоевски и Никола Груевски. На нивно место, до крајот на мандатот пратеници станаа Александар Филиповски и Ѓоко Камчев. На новоизбраните пратеници, Држаавната изборна комисија им врачи уверение за избран пратеник. Извештајот беше доставен до Собранието на Република Северна Македонија.
На 8 јули 2019 година, Државната изборна комисија ја одржа својата 44 седница на која беше разгледан и усвоен Извештајот на Државната изборната комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, согласно Известувањето од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, број 08 – 3644 / 22 од 28.06.2019 година, со кој Државната изборна комисија беше известена за престанок на мандатот на пратеникот Горан Милевски. На негов место, до крајот на мандатот пратеник стана Александра Цветкоска. На новоизбраниот пратеник, Држаавната изборна комисија и врачи уверение за избран пратеник. Извештајот беше доставен до Собранието на Република Северна Македонија.