На 39-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 6.5.2019 година, врз основа на податоците во доставените записници од избирачките одбори и општинските изборни комисии беше утврден бројот на гласови што го добила секоја Листа на кандидат за избор на Претседател на Републиката пооделно, односно:

-Кандидатот Гордана Сиљановска Давкова, добила 377.713 гласа;

-Кандидатот Стево Пендаровски, добил 436.212 гласа.

Согласно пресметаните и утврдените резултати од гласањето, Државната изборна комисија утврди дека за Претседател на Републиката е избран кандидатот Стево Пендаровски, кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале.

Со објавувањето на првичните резултати започнува да тече рокот за приговори од 48 часа, согласно член 148 став (2) од Изборниот законик.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски се заблагодари на членовите на Државната изборна комисија и на стручната служба на Државната изборна комисија, за успешно завршената работа во овој изборен процес.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content