На 27-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 22.3.2019 година, на која се спроведуваше ждрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за избор на Претседател на Република Северна Македонија, за Изборите што ќе се одржат на 21.4.2019 година, се утврди редоследот на кандидатите.
Овластените претставници на подносителите на Листите за кандидати, пристапија според азбучен редослед на името на кандидатот предложен од група избирачи и влечеа број по кој се утврди редоследот за извлекување на редниот број на канидатите.
По извршената ждрепката се утврди следниот редослед на Листите на кандидати за Претседател на Република Северна Македонија:
- Кандидатот Блерим Река под реден број 1 во гласачко ливче.
- Кандидатот Гордана Силјановска Давкова под реден број 2 во гласачко ливче.
- Кандидатот Стево Пендаровски под реден број 3 во гласачко ливче.
Согласно член 69 став (1) Државната изборна комисија единствената листа на кандидати за избор на Претседател на Република Северна Македонија, за Изборите што ќе се одржат на 21.4.2019 година, ќе ја објави во Службен весник на Република Македонија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА