Врз основа на член 31 став 2 точка 28 д од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија усвои:

 

ЈАВЕН ПОВИК
за проверка на податоците во Избирачкиот список

 

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно,  да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во истиот.

Избирачкиот список кој се става на јавен увид е направен со податоци на граѓаните кои заклучно со 1 февруари 2017 година, станале полнолетни.

Јавниот увид може да се изврши:
– на официјалната веб страница на Државната изборна комисија www.mk;
– во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Списокот на адреси на Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, како и други подетални информации може да се најдат на официјална веб страна  www.sec.mk.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

Skip to content